Левица – Прилеп: Каде завршуваат донациите и колкав е долгот на ЈЗУ општа болница Прилеп?

Сè погласни се сомневањата за проневера на донации и прикривање долгови на ЈЗУ Општа болница и тоа во време на ковид криза, велат од Левица – Прилеп.

Соопштението го пренесуваме во целост.

„Левица – Прилеп со цел сериозно да го разгледа овој случај по службен пат испрати барање за информација КОЛКУ ИЗНЕСУВА ВКУПНИОТ ДОЛГ И КОЛКУ / КАКВИ ДОНАЦИИ имаат пристигнато на сметка на Општа болница „Борка Талески“- Прилеп, информација каква што, според Законот за пристап до информации од јавен карактер се должни да дадат.

Меѓутоа, место одговор, добивме известување на кое стои потпис од сегашната директорка, поранешна пратеничка на СДСМ од Прилеп, Кети Смилевска, во кое на банален начин избегнуваат да одговорат, бидејќи, наводно, според член 16 и 17 од Законот за пристап до информации од јавен карактер барањето е нецелосно.

Имено, се повикуваат на графата “Застапник/полномошник на барателот на информацијата”, графа која се пополнува само во случај кога има такво лице.

Во законот и членовите што ги имаат наведено точно пишува дека во таа графа се внесуваат ”податоци за МОЖНИОТ застапник или ополномоштеното лице” така што имаме основа уште повеќе да се сомневаме дека или станува збор за намерно прикривање на донации и долгови, податок што се обидуваат да го сокријат од јавноста криејќи се зад бирократски формалности.

Накратко, не добивме одговор на прашањето за вкупниот долг на болницата. Во законски утврден рок испративме жалба во врска со која јавноста ќе биде дополнително информирана.

Левица нема да престане да настојува за отчетност и транспарентност при трошењето јавни пари“, велат од Левица – Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи