ВИДЕО – ЈО во Прилеп отвори предмет за инцидентот со скршената табла за електрична енергија во модуларната болница


Јавното обвинителство во Прилеп денеска отвори предмет за инцидентот со скршената табла за електрична енергија во прилепската модуларна болница. Јавниот обвинител Маријана Илиеска, истакна дека обвинителството започнува предистражна постапка за да открие дали има кривично дело што се гони по службена должност. Во текот на денот ќе се пуштела и наредба до полицијата за да им ги предаде сите собрани докази во насока на расветлување на случајот. Од прилепското обвинителство велат дека реагираат по допрен глас, односно по пишувањето на медиумите.

И од МВР и од Министерството за здравство велат дека засега немаат нови детали за целиот случај.

Инаку во саботата вечерта е откриено дека непознат сторител или сторители ја оштетиле вратата на електричната табла што се наоѓа до модуларната болница во Прилеп. Според директорката Кети Смилеска сепак се уште не е јасно кога насилно е искршена вратата од елетричната табла, дали во саботата вечерта или некој друг ден. Инаку обезбедувањето го забележало инцидентот вечерта во саботата околу 21 часот кога од невремето и силниот ветар се отворила вратата од таблата и започнала да тропа. Прво мислеле дека таа е отворена поради силниот ветар, но потоа забележале дека е насилно отворена и случајот го пријавиле во полицијата. Од полицијата ги зеле сите снимки од безбедносните камери во болницата.

Од општата болница во Прилеп велат дека после пожарто во модуларната болница во Тетово, веднаш во прилепската модуларна болница било изврпено дополнителено испитување на сите ПП апаратите, а дополнителна проверка од стручни лица била направена и на сите останати електрични апарати во болницата, а било зголемено и обезбедување на објектот.

По најновиот инцидент по барање на болницата сега во ноќните часови е зголемено и присуството на полицијата во кругот на болницата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи