Водостојот на повеќето реки низ државата е под просекот за септември, освен Вардар кај Демир Капија, покажуваат дневните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.
Значително намалување под просекот имаат реката Треска кај Македонски Брод, Пчиња кај Пелинце и Црн Дрим кај Ложани.
Водостојот на Охридското Езеро изутринава во 7:30 часот бил за 18 сантиметри под просекот во септември, Преспанско Езеро било за 1,65 метри под просекот за овој месец од годината, а Дојранското Езеро било 2,54 метри над просекот за септември, покажуваат дневните мерења на УХМР.
Температурата на водата измерена денеска во 7:30 часот на Охридското Езеро изнесувала 20 степени, на Преспанско Езеро 19.5 степени и на Дојранско Езеро 23.6 степени.