Министерката за труд и социјална политика Jагода Шахпаска денеска изјави дека состојбата поврзана со коронавирусот во градинките е стабилна.
„Состојбата со градинките е стабилна и веќе цела година се одржува како таква. Денеска на реферирањето на утринскиот кризен штаб информирав дека само 13 воспитувачи и други вработени во градинките се позитивни во целата држава и само девет дечиња“, рече Шахпаска.
Дополнително, таа додаде дека изминатите седум дена бил направен вонреден инспекциски надзор за почитувањето на протоколите. Извештајот на ДЗСИ, како надлежна инсттуција, покажал дека тие се почитуваат и оти поради тоа нема ширење на вирусот во градинките.