ДЗС: Попишани 1.132.484 лица

Facebook
Twitter
Email
Print


Државниот завод за статистика (ДЗС) информира дека заклучно со вчерашниот ден до 20 часот во земјава биле попишани 1.132.484 лица, 353.256 домаќинства и 480.364 станови.

Преку апликацијата за самопопишување на лица во странство досега се самопопишале 193.742 лица од дијаспората.

Инаку, пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија официјално започна на 5 септември и ќе трае до 30 септември.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи