Првиот човек на Владата, Зоран Заев преку социјалната мрежа фејсбук сподели податоци, кои, како што вели, покажуваат дека македонската економија е стабилна и развојна.
„Расте просечната плата. Во јули годинава просечната исплатена нето-плата по вработен изнесуваше 28.540 денари и е поголема за 4,8% во споредба со истиот месец лани, односно за 1.308 денари.
Континуираниот раст на платите, е резултат на економските мерки и политики што ги спроведува Владата за раст на просечната и на минималната плата.
Просечната плата се движи кон 30.000 денари, остануваме посветени на реализација на стапките на економски раст од 4-5% и на покачување на платите за 20% до 30%, сѐ со цел подобрување на стандардот на граѓаните и економијата во земјата.
Покрај растот на просечната плата, бележиме и раст на извозот, рекордна економска активност во индустриските зони и историски пад на невработеноста.
Сите овие податоци покажуваат дека македонската економија е стабилна и развојна“, напиша Заев.