Времето денеска ќе биде променливо облачно и свежо со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен и северозападен правец.
Во Прилеп и регионот, температурата ќе се движи од 12 °C до 21 °C.
УХМР со актуелно предупредување:
Денес и утре времето ќе биде значително посвежо со умерен до засилен ветер од северен и северозападен правец. Од утре до сабота утринските температури ќе бидат многу ниски и на некои повисоки места ќе се спуштат и до 0 степени.