Кочан ќе мора да плати 17 милиони евра на државата

Facebook
Twitter
Email
Print


Премиерот Зоран Заев денеска искоментира дека помилувањето на бизнисменот Сеад Кочан е надлежност на претседателот и појасни за пресудата од 17 милиони евра кои Кочан мора да ги плати на државата.

„Секако државата продолжува во сите свои чекори за наплата на побарувањата. Ние имаме и пресуда од 17 милиони евра. Еден дел од средствата гледаме во поскоро време да бидат директно инкасирани, додека за еден дел ќе треба постапки да се водат, затоа што еден од средствата на Трансмет и Сеад Кочан и се дел од правосилната одлука, а се ставени под хипотеки на самите банки, и секако правните постапки ќе доведат што попрво се наплатува, долгот кон државата или кон банките“, одговори Заев.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи