Кривичен изработи 3500 уверенија и потврди од кривична и казнена евиденција за кандидатите за градоначалници и советници

Facebook
Twitter
Email
Print


Основниот кривичен суд Скопје во изминатите 10 дена, со доследно почитување на сите законски рокови, успеа да изработи 3500 уверенија и потврди од кривична и казнена евиденција, по барање на сите кандидати за членови на совети и кандидати за градоначалници од политичките партии, коалициите и групи избирачи, родени на територија на град Скопје, а неопходни за учество на претстојните локални избори, соопштија од Судот.

Посочуваат дека согласно чл. 67 ст. 3 во врска со чл. 7 ст. 3 од Изборниот законик сите Oпштински комисии, електронски ги доставиле личните податоци на кандидатите, а во рок од 24 часа судот ги извршил соодветните проверки, ги изработил уверенијата и потврдите и електронски ги доставил решенијата до комисиите.

„Во однос на критиките на одредени политички субјекти објавени на социјалните мрежи, ја информираме јавноста дека одделот за Казнена евиденција во судот постапуваше по сите барања по завршување на работното време како и во текот на викендите, пред се затоа што голем дел од кандидатите и општинските изборни единици ги доставуваа барањата по истек на рокот од 11 септември 2021 година за пријавување на кандидати“, наведуваат од Судот.

Воедно, додаваат, Судот, за овој период, доследно ги почитуваше и роковите за прием, проверка и изработка на уверенија и потврди на сите граѓани чии барања не беа поврзани со изборите.

„Во тој правец, а воедно и согласно протоколите за заштита од Ковид-19, како суд, уште еднаш апелираме за потребата од воведување на електронско аплицирање и издавање на уверенијата и потврдите“, се вели во соопштението.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи