Бугарските медиуми ја пренесоа изјавата на премиерот на Македонија, Зоран Заев дека ќе се менуваат учебниците кои ги содржат термините „бугарски фашистички окупатор“.
„Победа! За Македонија веќе не сме „окупатори“! Заев вети дека ќе се тргнат лагите од учебниците“, се само дел од насловите и текстовите во медиумите.
Дел од бугарските медиуми пренесоа дека пораката се совпаднала со Денот на независноста кој вчера го одбележа Бугарија.
Заев изјави дека целта во политичките преговори со Бугарија е да се избрише зборот „бугарски“ од учебниците и спомениците затоа што тоа било во европскиот дух на сфаќање на фашистичкиот период без додавање етничка боја.