На денешната пресконференција, министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека во најголем број на училиштата ќе се прави тестирање со брзи антигенски тестови.
„Факт е дека тука има една одредена трансмисија, многу мала, но сакаме да направиме скрининг на состојбата оти многу често децата се асимптоматски преносители.
Следните денови детално ќе ја презентираме методологијата за скринингот на тестирање на учениците во основните и средните училишта. Овој пристап бара одредена припрема во однос на согласност на родителите. Разговараме со центрите за јавно здравје низ земјава, со епидемиолозите и со здравствените домови“, вели Филипче.
Скринингот би почнал од 1 октомври или првата недела на октомври.