Денеска кандидатите за градоначалници на Прилеп, Горан Сугарески од СДСМ и Борче Јовчески од ВМРО-ДПМНЕ остварија средба. Сугарески преку својот Фејсбук профил истакна дека во политиката постојат политички конкуренти, а не непријатели.
„Во политиката постојат политички конкуренти, а не непријатели. Задачата на секој одговорен политичар е да ги обединува граѓаните, не да сее раздор помеѓу нив. Одговорноста за тоа лежи во секој учесник во изборната трка, без разлика на која и на каква кандидатска листа се наоѓа.
Ова беше главниот мотив, во пресрет на почетокот на изборната кампања за локалните избори, да иницирам средба со кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Борче Јовчески.
Се залагам и апелирам на достоинствена и фер кампања, во која кандидатите и политичките субјекти ќе се натпреваруваат со идеи и проекти, а не со меѓусебни навреди и клевети. Само на тој начин ќе покажеме дека ние, политичарите, работиме во интерес на граѓаните и на локалната заедница“, напиша Сугарески.