Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес конференција изјави дека се препорачува трета доза од вакцината против ковид-19 за сите лица над 60 години, медицинските лица и пациентите со хронични болести.
„Вчера пристигнаа 100 000 вакцини „Фајзер“, 50 000 од „Синовак“. Се зголемува бројот на слободни кревети на Инфективна клиника како и на интерните клиники. Нови препораки, се препорачува трета доза на вакцина за граѓани над 60 годишна возраст и кај здравствени работници без разлика на возраста како и за хроничните болни без разлика на возраста. Третата доза ќе биде од „Фајзер““, вели Филипче.