55 издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ годинава ќе започне на 1 октомври и ќе трае се до 8 октомври 2021 година. На истиот ќе бидат прикажани 17 претстави од различни театри од Македонија, но и од Факултетот за драмски уметности, а истите ќе се играат на сцените во театарот „Војдан Чернодрински“ и Домот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.
Наградата за животно дело на овогодинешното издание на Фестивалот им припадна на актерот Емил Рубен, актерот Борис Чоревски и сценографот Крсте С. Џидров, а истите им ги доделува Собранието на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Жири комисијата која ја донесе одлуката е во состав:
- Ѕвездана Ангеловска, актер и режисер;
- Бајруш Мјаку, актер;
- Александар Милосављевиќ, театролог од Р. Србија
Фестивалот ќе започне со претставата „Мој термин“ од Македонскиот народен театар – Скопје, а ќе заврши со „Мурлин Мурло“, претстава на Факултетот за драмски уметности – Скопје. На 8 октомври ќе бидат прогласени победниците на фестивалот.
Целата програма која публиката ќе може да ја погледе на овогодинешното издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ може да ја погледнете на следниот КАТАЛОГ.