МТФ „Војдан Чернодрински“ годинава од 1 октомври – Рубен, Чоревски и Џидров со награда за животно дело

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

55 издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ годинава ќе започне на 1 октомври и ќе трае се до 8 октомври 2021 година. На истиот ќе бидат прикажани 17 претстави од различни театри од Македонија, но и од Факултетот за драмски уметности, а истите ќе се играат на сцените во театарот „Војдан Чернодрински“ и Домот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.

Наградата за животно дело на овогодинешното издание на Фестивалот им припадна на актерот Емил Рубен, актерот Борис Чоревски и сценографот Крсте С. Џидров, а истите им ги доделува Собранието на Македонскиот театарски фестивал „Војдан  Чернодрински“. Жири комисијата која ја донесе одлуката е во состав:

  1. Ѕвездана Ангеловска, актер и режисер;
  2. Бајруш Мјаку, актер;
  3. Александар Милосављевиќ, театролог од Р. Србија

Фестивалот ќе започне со претставата „Мој термин“ од Македонскиот народен театар – Скопје, а ќе заврши со „Мурлин Мурло“, претстава на Факултетот за драмски уметности – Скопје. На 8 октомври ќе бидат прогласени победниците на фестивалот.

Целата програма која публиката ќе може да ја погледе на овогодинешното издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ може да ја погледнете на следниот КАТАЛОГ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи