„Вело тура за култура“ до родната куќа на Блаже Конески во с. Небрегово


По повод 100 годишнината од раѓањето на Блаже Конески, здружението ОРИОН Глобал се приклучува на чествувањето на нашиот великан и ве носи на „Вело тура за култура“ до Спомен домот на Блаже Конески во с. Небрегово.

Велосипедската тура ќе се одржи на ден 26 септември 2021 (недела). Собирно место во 9 часот пред „Камена Бина“.

Блаже Конески (19 декември 1921 – 7 декември 1993) е најзначајната фигура за македонскиот јазик. Филолог, поет, прозаист, есеист, литературен историчар, преведувач, професор на Филозофскиот факултет во Скопје, академик – прв претседател на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). Тој е еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик.

Македонија ја прогласи 2021 за година на Блаже Конески. 100-годишнината од раѓањето на Конески е запишана и во Календарот на значајни јубилеи поддржани од УНЕСКО.

Организирањето на турата е во соработка со „Маркови Точакџии“ и „ПрилепНаТочак“.

Настанот ќе се одвива според сите постоечки ковид протоколи.

ПРОГРАМА

09.00 Собирно место „Камена бина
09:00 – 09:30 Регистрација на учесниците
09.30 – Старт на велосипедска тура
Напомена: Патеката е 19 километри во правец и се вбројува во категорија средно лесна тура која е погодна за лица со нормална физичка подготвеност.

По пристигнувањето на учесниците, етнологот Горан Цветкоски ќе одржи предавање во Спомен домот. Воедно, актерот Игор Трпчески ќе интерпретира дел од поезијата на Блаже Конески и авторски песни инспирирани од Конески.

Иницијативата е поддржана од Општина Прилеп.
Медиумски покровител Инфо Компас.

*Во дворот на куќата ќе биде поставен и пункт за освежување на учесниците.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи