Кандидатите за градоначалници на Прилеп Славе Петрески од ЛДП и ДОМ, Зоран Митрески од Интегра, Борче Јовчески од ВМРО-ДПМНЕ, Горан Сугарески од СДСМ, како и независниот кандидат Жаре Стеваноски денеска во големата го сала на Општина Прилеп го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори.
Претседателот на ОИК Валентин Божиноски кој им го врачи потпишаниот Кодекс, посака фер, мирна и демократска кампања.