Германскиот магазин „Велт“ објави репортажа посветена на убавините на Преспанското Езеро и незаборавното искуство да се престојува во природа, во изолација и да се набљудуваат пеликани, птици кои речиси и да не можат да се видат на друго место освен во пределите и националните паркови во Преспанскиот регион.
Авторката на текстот пишува за деновите минати на кампување на Преспанското Езеро, за уживањето што го нуди спокојот на природата која била дарежлива во регионот, за тоа место меѓу Стење и Коњско каде со денови може да се престојува и да не се види друг човек.
За Сара Кринге која за себе вели дека не е некој познавач на птиците, уште помалку орнитолог, она што го видела на Преспанското Езеро ја натерало малку поинаку да размислува.