Секторот за образование на Левица денеска објави фотографија од зградата каде на денешен ден се одржал првиот час по македонски јазик во 1943 година.
„Далечната 1943 година, на 24 септември во селото Подвис, во областа Копачка, во Кичевско бил одржан првиот училишен час на македонски јазик. Ден голем како планина! Од устата на учителот Василко Лазарески првпат во училница прозвучил македонски збор, децата првпат следеле настава на мајчин јазик, а не на јазиците на окупаторите“, пишува Левица.
Зградата во којашто бил одржан тој прв час е прогласена за споменик на културата, но и заборавена, истакнуваат од Левиица.
„Левица не заборава, нема ниту да прости. Зградата во којашто бил одржан тој прв час е прогласена за споменик на културата. И заборавена. Денес е во очајна состојба, со ослепени прозорци и пропаднат покрив, зарасната во треви и трње.
Клептократите кои 30 години владеат за да пљачкаат, секојпат имаат полни усти со љубов кон државата и народот, а образованието им е „врвен приоритет“- секоја година го реформираат, а сега се на пат и потполно да го расформираат“, стои во написот на Левица.