Уште три дена попис, досега попишани 1.619.857 лица

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Вкупно милион 619.857 лица, 503.491 домаќинство и 711.695 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика.

До крајот остануваат уште три дена пописни активности. Освен во своите домови, граѓаните можат да се попишат и на одредени пунктови во нивните општини што ги отвори Државниот завод за статистика.

Надлежните ги повикуваат граѓаните да ја исполнат својата граѓанска и законска должност и да се попишат.

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи