Денес се одбележува Светскиот ден на туризмот. Овој ден се слави со цел да се развие свеста на меѓународната заедница за важноста на оваа гранка и нејзините култури, социјални, политички и економски вредности.
Светската туристичка организација во 1979 година го освоила 27 септември како светски ден на туризмот, бидејќи на тој ден 1970 година во Мексико е усвоен статутот на оваа организација.
Туризмот има голема улога во градењето на меѓународното разбирање и взаемно почитување. Такви луѓе од различни средини се основа за толеранцијата и на тој начин туризмот може да придонесе за мирот во светот.
Туризмот, како еден од поважните двигатели на глобалниот раст кој сочинува 10 % од светската економија, е една од најтешко погодените индустрии. Пандемијата создаде сериозни домино ефекти во екосистемот, па кризата влијаеше не само на авиокомпаниите или големите хотелски ланци, туку и на 80% од туристичкиот сектор составен од помали даватели на услуги.
Со надеж дека светот конечно ќе прогласи победа над пандемијата, ви го честитаме овој ден и ви посакуваме многу патувања.
„Туризмот е сила која ги обединува луѓето и ги руши границите – физичките, но и оние на разбирањето. Кој патувал, научил и понел многу, и го наполнил својот куфер со богати искуства и доживувања. Во овие пост-пандемиски (?) времиња, важно е да продолжат да се движат тркалата на туризмот. Нека е честит Светскиот ден на туризмот, бидејќи секој од нас е патник“, порачува за Инфо Компас, Милан Велески – лиценциран туристички водич.