Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, попладнево пристигна во Скопје. На скопскиот аеродром ја пречека вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров.
„Посетата е силен сигнал за потребата од дејствување и за исполнување на европското верување: почеток на преговорите. Исчекор ни е повеќе од потребен за да ја вратиме вербата и надежта на младите луѓе во европската идеја и перспективата за европски начин на живот дома“, напиша Димитров на социјалните мрежи по пристигнувањето на Фон дер Лајен.