Губењето или промената на сетилото за мирис е вообичаен симптом на ковид-19. На повеќето луѓе природно им се враќа осетот по неколку недели, но на многумина истиот им е трајно оштетен.
Капки за нос со витамин А може да помогнат при враќањето на осетот за мирис што го искусија повеќе заболени од Ковид-19, наведуваат британски научници, пренесе Би-би-си.
Универзитетот на Источна Англија ќе спроведува истражување во тек на 12 недели. Само некои од волонтерите ќе добијат капки што содржат витамин А, а секој од нив ќе мора да мириса силни мириси, како што се расипани јајца или рози.
Витаминот А помага во одржување на здравјето на имунолошкиот систем, видот, кожата и слузницата на некои делови од телото. Сепак, поедници кои земаат додатоци во исхраната со витамин А треба да бидат свесни дека претерано внесување на овој витамин може да биде и штетно.
133