Државниот завод за статистика бележи во август зголемување на прометот во трговијата на мало со храна, пијалоци и тутун и на трговијата со автомобилски горива.
Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во август 2021 година, во споредба со август 2020 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите:
Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 11.8 отсто, а реално за 7.9 отсто), Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 18.3 отсто, а реално за 16.4 отсто), Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 15 отсто, а реално за 12.1 отсто) и Трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 57.1 отсто, а реално за 31 отсто)“, информира денеска Државниот завод за статистика.