Димитров со 16 секунди молк за 16 години во ЕУ-чекалницата: Кој сум јас и каков јазик зборувам е мое лично прашање

Facebook
Twitter
Email
Print


Вицепремиерот за европски интеграции Никола Димитров одржа говор пред Парламентарното собрание на Советот на Европа, каде се обрати како специјален гостин на есенската сесија.Како што јави дописникот на МИА, вицепремиерот Димитров го почна својот говор пред Парламентарното собрание на Советот на Европа, каде се обрати како специјален гостин на есенската сесија, со 16 секунди молк за, како што рече, 16-те години потрошени како земја кандидат за членство во ЕУ.

„Не си ја заборавив мислата, ова беа 16 секунди, што се видоа долги, па можете да доловите колку долги изгледаат 16-те години за мојата земја што од 2005-та е кандидат за членство“, порача Димитров.

Наметнатите пречки на патот на земјава кон ЕУ од страна на Софија, како што објасни Димитров пред пратениците од 47-те земји членки на Советот на Европа, не се територијални, реформски, туку историски и јазични и „директно засегаат во нашата идентитетска определба, но и во она што е душата на Европа и европскиот идентитет и имаат реални импликации во однос на стабилноста, безбедноста и просперитетот на регионот и континентот”.

„Во 21-от век во Европа, прашањето на мојот мајчин јазик не смее да биде во судир со напредокот на државата кон членство. Не, ако Европа е континент каде се почитува културната и јазична шареноликост, како што стои во Лисабонскиот договор. Кој сум јас и каков јазик зборувам не се прашања на кои може да се дозволи кој било друг да има право на збор. Тоа е лично мое прашање. Во една демократија, твојата држава не може да ти каже како се чувствуваш, а камоли некоја друга земја или организација“, истакна Димитров.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи