Комуникација на Сојуз на извидници на Македонија по повод објавите за скандал на извиднички активности

Facebook
Twitter
Email
Print

Викендов во Извидничкиот дом Градовци, близу Зелениково се случувале скандалозни aктивности во организиран камп воден од „Прв скопски извиднички одред“. Случајот е пријавен  во полиција, потврдуваат од МВР и велат дека заедно со Јавното обвинителство ги преземаат сите мерки.

„Дежурен јавен обвинител е известен за настанот за кој покажувате интерес и издаде насоки до Министерството за внатрешни работи за дејствија кои треба да се преземат со цел утврдување на фактичката состојба“, велат од ОЈО Скопје.

Во врска со случајот, од здружението ХЕРА апелираат за итно постапување на институциите по допрен глас и за целосно расветлување и разрешување.

„Според сведоштвото, учесниците на настанот, меѓу кои и малолетни лица биле дел од активности кои се недозволиви. Информациите од родителот укажуваат на кршење на малолетнички права“, велат од ХЕРА.

За случајот се обратија и од Сојузот на извидници на Македонија. Во продолжение нивното соопштение во целост.

„Сојузот на извидници на Македонија како младинска чадор организација која обединува 22 извиднички одреди на национално ниво, веќе 68 години работи на неформална едукација на деца и млади луѓе. Програмата, низ која поминале десетици илјади млади во текот на годините се состои од повеќе едукативни области кои се темелат на нашите извиднички вредности.

Од 2017 година со носењето на резолуцијата на светската извидничка конференција, Сојузот на извидници на Македонија како организација членка се обврзува дека преку извидништвото ќе понуди безбедна едукативна околина за деца и млади, како и улогата која возрасните ја имаат за постигнување на истото. Базирано на истата, години наназад, сојузот превзема низа мерки и тренинзи за јакнење на капацитетите на своите членови врз база на добрите практики од поголемите извиднички организаци и своите внатрешни процедури.

Сојузот ја разбира сериозноста на ситуацијата и со внимание пристапува кон решавање и намалување на последиците од истата. Следствено на тоа, телата на сојузот ги превземаат неопходните мерки во насока ваков или сличен случај веќе никогаш да не се повтори и сите членови да се чувствуваат безбедно при учество во која било активност на национално или локално ниво, согласно извидничката програма.

Жалиме што член на нашата организација во даден момент се почувствувал небезбедно и се обврзуваме да не се соочиме со слична ситуација во иднина. Вооедно, ги охрабруваме сите извидници кои во даден момент се почуствувале небезбедно и непријатно (од било која причина) да не контактираат нас и согласно нашите можности и ингеренции, да превземеме соодветно дејвствие.

Телата на сојузот ќе спроведат интерна истрага и врз исходот од истата и истрагата од надлежните институции, ќе превземат мерки за санкционирање на одредот организатор.

Ви стоиме на располагање за дополнителна комуникација и координација“, стои во соопштението од Сојузот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи