Промоција и потпишување на кодекс на граѓански организации


Кодексот за саморегулација е еден од документите или неформалните правила на однесување кој што недостасуваше во граѓанското општество.  Доброто управување е важно за граѓанските организации, а уште поважно за мрежите од граѓански организации, а се со цел да има начин, но и правила како ние граѓанските организации да бидеме транспарентни внатрешно во рамките на самата мрежа/коалиција, но и кон надвор односно кон граѓаните и локалната заедница.

Од исклучително значење е граѓанското општество да биде пример за отворено и транспарентно општество уште повеќе поради тоа што ако граѓанските организации ја бараат транспарентноста од институциите, тоа најпрво треба и тие самите да го понудат.

Во исто време ваквиот позитивен пример на саморегулација кој што го зедоа како предизвик кој што ќе треба да го реализираат токму граѓанските организации ќе значи зголемување на легитимитетот, но и довербата на граѓаните и локалната заедница во дејствувањето и работата на граѓанските организации, но и мрежите во кои што истите делуваат

Со ваквиот кодекс, граѓанските организации ги поставуваат основните вредности и приниципи врз кои што делуваат како што се: правда и еднаквост, отчетност и транспарентност, партиципативност и инклузивност, но и грижа за животната средина и одржливоста на нашата планета. Понатаму самиот кодекс го регулира работењето и управувањето на граѓанските организации, особено во делот на одговорно донесување на одлуки, добро управување, етичко финансирање и одговорно раководење со ресурсите, одговорно застапување, но и создавање на силни врски со вработените, членството, волонтерите и поддржувачите, што пак ќе значи градење на силни партнерства и отворена двонасочна комуникација со сите засегнати страни.

Верувајќи во оправданоста на изработката и донесувањето на ваквиот кодекс за саморегулација, Рурална Коалиција беше една од организациите која што беше активно вклучена во неговата изработка, но и една од првите организации која што го потпиша истиот заедно со Македонски центар за меѓународна соработка – МЦМС , Konekt и Фондација Отворено општество – Македонија , но во исто време и една од првите мрежи/коалиции на граѓански организации кои што ќе работат на неговата промоција и имплементација.

Промоцијата и потпишувањето на кодексот беше една од главните активности која што го одбележа овогодинешниот фестивал- Ден на граѓанските организации кој што се организираше по четврти пат во рамките на програмата на Civica Mobilitas посветено на 30 години граѓански активизам, а на кој што свои обраќања имаа Никица Кусиникова, како извршна директорка на Конект, Фани Каранфилова-Паноска, извршна директорка на Фондацијата Отворено општество Македонија, Александар Кржалоски, извршниот директор на МЦМС, како и извршната директорка на Рурална Коалиција, Лилјана Јоноски.

Автор: Рурална Коалиција

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи