ВИДЕО – Во Прилеп започна 55 јубилејно издание на МТФ „Војдан Чернодрински“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Со свеченото доделување на наградите за животно дело и со претставата „Мој термин“, во изведба на МНТ од Скопје, а во режија на Синиша Евтимов вечерва во Прилеп се отвори 55 јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Награда за животно дело добија актерите Емил Рубен, Борис Чоревски и сценографот Крсте Џидров.

„И сакам да се заблагодарам на прилепската публика која што сите овие 55 години покажа дека го сака театарот, дека го знае театарот, умее да награди актер, претстава или целосна поставка на претставата. Мене ми е драго што не прекратив со игра иако сум скоро 5 години во пензија. Јас се уште работам во битолскиот театар ако ме викнат нормално. И тоа е добро за актерот бидејќи актерот никогаш не старее“, истакна Борис Чорески, добитник на награда за животно дело.

 

 „За сите овие 40 години колку што работам мои претстави, со моја сценографија учествувале тука и за нив сум добивал 6 награди за сценографија и една или две награди за плакат. Многу ми е драго што ме одбраа мене. Тоа обележува една голема работа затоа што сум направил во сите македонски театари 160 претстави и во околината, на Балканот и во Европа“, рече Крсте Џидров, добитник на награда за животно дело.

Ова јубилејно издание се одржува после една година пауза поради пандемијата. Во Прилеп во наредните 8 дена публиката ќе може да ги види најдобрите претстави кои во изминативо период се изработиле во Македонија. Учествуваат 13 театри.

„Голема е радоста, 55 години, не е мала работа и реткост е. Неколку се во земјата вакви фестивали. Еден од фестивалите кој е институција и е со голема историја е токму овој. Дотолку повеќе поради тешките услови за работа на актерите поради светската пандемија се случува, но што е најважно е дека се случи“, рече Ирена Стефоска, министерка за култура.

Сепак фестивалот се одржува под посебни мерки и протоколи поради ковид пандемијата.

Тркалезни маси, разговори, нема да има. Гостите за жал после претставата ќе мора да се враќаат, поради безбедносни причини. Според протоколите може да има само 30% публика во салите. Јас лично мислам дека не е проблем за публиката, бидејќи таа е заштитена, влегува со маски и не зборува, проблем повеќе е за актерите кои се во тој жив контакт“, изјави уметничкиот директор на фестивалот, Катерина Коцевска Хаџивасилева.

Во состав на фестивалот освен претставите е предвидено да има и промоција на неколку книги. Фестивалот завршува на 8 октовмри, а ќе го затвори претставата „Драмски за Конески“ од Драмскиот театар од Скопје која ќе се одигра во чест на наградените.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи