Бројот на активни случаи во Македонија изнесува 12.087.
Од нив, најголем број – 5536 се во Скопје. Во Куманово има 992 активни случаи, во Тетово 905, во Охрид 549, во Гостивар 472, во Кичево 423, во Струга 374.
Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје за изминати 24 часа, при направени 3.425 тестирања регистрирани се 494 нови случаи на Ковид-19, 12 починати и 474 оздравени пациенти.
Досега во земјава се направени вкупно 1.289.516 тестирања на Ковид-19. Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 191.408, бројот на оздравени пациенти е 172.653, а на починати изнесува 6.668.
Надлежните и натаму апелираат невакцинираните граѓани да се вакцинираат.