Кандидатот за градоначалник на СДСМ Горан Сугарески вчера во изјава вели: Во наредниот период, „новата“ власт на СДСМ и Коалицијата…, стои во денешната реакција на ОК ВМРО ДПМНЕ на вчерашниот прес на кандидатот за градоначалник на Прилеп од СДСМ, Горан Сугарески.
Реакцијата ја пренесуваме во целост.
„Истиот Горан Сугарески кој од почеток на својата политичка кариера со Илија Јованоски се најблиски соработници!
Истиот Горан Сугарески, кој додека Илија Јованоски беше градоначалник на Прилеп, беше министер за транспорт и врски.
И сега без грам срам, истиот тој Сугарески зборува за ДУП-ови и ГУП како да бил во опозиција додека Јованоски е градоначалник!
Најпрвин, да ве прашаме господа од СДСМ и Коалицијата, каде живеете? Во последните четири години бевте на власт или во опозиција?
Поминаа четири години во кои решававте за сегашноста и иднината на Прилеп и прилепчани, четири години имавте апсолутна власт и на локално и на централно ниво, четири години имавте време и шанса да донесете детални урбанистички планови во градот каде немало и во населените места.
Господине Сугарески, Вие и Вашата СДСМ сте срам за прилепчани и Македонија!
Токму Вие Сугарески, заедно со градоначалникот Јованоски треба да дадете одговор колку детални урбанистички планови се донесени ви овие претходни четири години, колку дозволи за градба има издадено овие четири години?
Не се издаваа градежни дозволи, т.е до нив имаа пристап само припадниците на градежната мафија во Прилеп. (Читај челниците на СДСМ).
Господине Сугарески, единствено нешто што изгради СДСМ во Прилеп е еден мост од 20м за кој што е платен рекорден износ од 800 000 евра и кој мост ќе биде прв предмет за ревизија после 17 октомври, како и една улица во центарот на Прилеп, која од Булевар е претворена во „тесно грло“ за сообраќај.
А знаете ли, господине Сугарески зошто е тоа така? Затоа што градоначалникот Јованоски наместо да финансира изработка на детални урбанистички планови, или Вие како министер кој можеше да финансира изработка на ДУП-ови за населени места, вработувавте партиски војници кои со месеци не се појавуваат на своите работни места.
Во овие четири години за партиски вработувања во општина Прилеп се потрошени над 60 милиони денари (над 1 милион евра). Само во 2020 година, а тоа е годината на почетокот на пандемијата, кога добар дел од општинската администрација работеше од дома или воопшто не работеше, градоначалникот Јованоски исплатил рекордни 22 милиони денари за партиски (привремени) вработувања. Затоа Прилеп денес е вратен 20 години назад!
Почитувани сограѓани, да не дозволиме и наредните четири години да бидат изгубени години! ВМРО ДПМНЕ нуди шанса за промени, шанса за да изградеме нов Прилеп, Прилеп со кој ќе се гордееме.
Затоа ве повикуваме на 17-ти октомври да гласате за бр.7 за кандидатот за градоначалник Борче Јовчески и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Дејан Проданоски. Да гласате за проекти, за работа, за промени!“, стои во реакцијата.