Граѓаните на Македонија во Египет само со електронска виза

Facebook
Twitter
Email
Print


Граѓаните на Македонија ќе патуваат во Египет само со електронска виза, најави денеска на Фејсбук шефот на дипломатијата Бујар Османи и истакнува дека Македонија е меѓу 74 земји на кои Египет им овозможи влез со електронска виза согласно горенаведената процедура.

„Сите оние кои имаат интерес да патуваат во Египет може да добијат електронска виза за влез во земјата во рок од 24 часа од поднесување електронска апликација.

Со цел аплицирање за електронска виза, заинтересираните треба да го посетат виза порталот на Египет на следниот линк www.visa2egypt.gov.eg; Одобрената електронска виза пристигнува на е-меил и истата се печати и презентира на граничните премини на Египет“, напиша Османи.

Во согласност со ковид-19 мерките и протоколите, за влез во Египет, покрај електронска виза, потребно е да се поседува и негативен ПЦР тест не постар од 72 часа пред пристигнувањето во земјата или признаен сертификат за вакцинација извршена најмалку 14 дена пред влез во земјата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи