Левица: Не го признаваме пописот, останаа непопишани 300.000 граѓани кои имаат државјанства

Facebook
Twitter
Email
Print


Пописот во Македонија заврши вчера во 20 часот.

Од партијата „Левица“ која единствена јавно повикуваше на бојкот на пописот соопштуваат дека нема да го признае резултатот кој треба да биде објавен по 6 месеци.

„Сите предвидувања и опомени кои ги дадовме се случија за време на пописот. Се попишуваше без документи, се даваа податоци за трето лице, немаше никакви заштитни механизми“, посочи пратеникот од оваа партија Борислав Крмов.

Тој тврди дека се потврдиле сите нивни предупредувања и дека операцијата била сведена на трчање по матични броеви, па оттаму, според него, произлегуваат и нелогичности во бројките што дневно ги објавува ДЗС за бројот на попишани. Врз основа на тие бројки, Крмов оцени дека „зацртаниот“ таргет е некаде околу 2 милиона жители. Повикувајќи се на бројот на издадени државјанства, кој, вели, се движи околу 2.5 милиони, тој констатира дека непопишани ќе останат околу 300.000 граѓани.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи