МЗ: 77% од новите случаи и 79% од хоспитализираните со ковид-19 се невакцинирани

Facebook
Twitter
Email
Print


Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид 19, во период од 06 август заклучно со 30 септември.

Во период од 06.08 до 30.09.2021 на територија на државата, 35.531 граѓанин се позитивни од тестирани на Ковид 19, од нив 23% биле целосно вакцинирани, односно 8.233 лица.

Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид 19. Според статистика за изминативе недели, 27.298, граѓани, односно 77% од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани.

Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 79%, додека само 21% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата.

Во период од 6.08 до 30.09.2021  на територија на државата починале 1162 лица со Ковид 19, 987 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а само 15% примиле вакцина.

Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, како и пациенти кои се вакцинирале во странство со вакцини на Модерна и Џонсон.

Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи