Пописот заврши, попишани над еден милион и осумстотини илјади граѓани


Пописот на население, домаќинства и станови во Македонија официјално заврши, а на него се попишале вкупно 1.832.696 лица, 568.175 домаќинства и 837.255 станови соопшти синоќа директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.

„Од опфатените објекти за живеење, 91 % беа предмет на Попис. Сите објекти кои беа предмет на Попис беа посетени по неколку пати. Онаму каде и по неколкукратните обиди не се оствари контакт со граѓаните, тие беа повикани во седиштата на оптшините. Оние, кои и тоа не успеаја да го направат, сепак ќе бидат дел од Пописот, бидејќи се очекува да ги има во некои од базите кои ќе се користат при обработката на податоците. Така што со сигурност знаеме дека целосно и успешно го опфативме населението кое во овој момент живее во државата“, соопшти Симовски.

Во дијаспората се самопопишале 204.805 македонски државјани, најголемиот дел од нив од западно-европските држави, а многу помалку во прекуокеанските земји.

Бројот на оние кои одбиле да се попишат, според Симовск,и бил минимален и дека се работи за промили, но точниот број ќе се знае кога ќе се обработуваат пријавите на попишувачите.

Податоците од Пописот 2021 ќе се обработуваат во следните 6 месеци, а според Симовски, очекувањата е целосните резултати да бидат објавени до крајот на март 2022 година.

Последниот Попис во Македонија беше одржан во 2002 година, кога вкупното население изнесуваше 2.022.547 лица.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи