Проданоски: СДСМ наместо да ја доизгради фабриката за селекција на отпад таа го уништи проектот


Наместо локалната власт предводена од СДСМ да ги дозаврши проектите корисни за Прилеп и прилепчани, таа ги доуништи и тие што ги наследи. Истакна на денешната прес конференција носителот на листа за советници за претстојните локални избори за Прилеп, од ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Проданоски.

„Имено, во време на минатата локална власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, беше набавена машина за селекција на отпад и беше започната изградбата на фабриката за преработка на отпадот. Во домаќинствата низ градот и на јавните површини беа поделени повеќе од 20.000 корпи за отпадоци и контенјери за селекција на отпадот. Прилеп беше водечки град во примарната и секундарната селекција на отпад.

Анализите беа дека  селекцијата и преработката на отпадот, ќе донесеше профит за претпријатието, ќе овозможеше отворање на преку 100 нови работни места и ќе имавме чиста животна средина.

За жал СДСМ уништија корисен проект.

И за потсетување, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, 8 пати досега поднесуваа амандмани за дозавршување на  проектот, меѓутоа не беа прифатени од власта предводена од Зоран Заев.

Доколку локалната власт предводена од СДСМ имаше сенс за корисен проект и ја доизградеше  фабриката, ќе го решеше проблемот со депонијата.Ќе немаше смрдеа и чад во кој со гушат нашите сограѓани, како во последниот период.

По победата на 17 октомври, ветуваме -ќе го завршиме веќе започнатиот проект за доброто на  прилепчани.

Со домаќинско и чесно работење,  повторно ќе го  вратиме приматот на Прилеп, како најчист град во Македонија“, додаде Проданоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи