По основците и средношколците кои почнаа од септември, од денеска првиот наставен час ќе се одржи и на факултетите во Македонија со што се означува почетокот на новата академска 2021/22 година.
Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Никола Јанкуловски, преку видео обраќање во 12 часот, на сите новозапишани студенти на факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе им посака успешна година.
По повод почетокот на новата академска 2021/2022 година, првиот академски час ќе се одржи и на платото на Правниот факултет во Битола при Универзитетот „Св.Климент Охридски„-Битола. На прво рангираните ново примени студенти им беа доделени индексите.
Проректорот Ѓуровски на брушоците на УКЛО ќе им посака успешна академска година, потсетувајќи ги дека започнуваат еден нов степен на едукација низ кои што ќе ги градат специфичните знаења, ќе се изградуваат како личности и ќе стекнуваат нови, интересни искуства, пријателства и контакти што многу ќе им значат во животот.
По повод почетокот на новата академска 2021/2022 година, прв академски час и свеченост ќе се одржи и на Факултетот за безбедност во Скопје, каде, како што е најавено, ќе се обратат ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, проф. д-р Сашо Коруновски, деканот Никола Дујовски.