Компанијата Јутјуб објави дека ќе ја отстрани содржината што шири дезинформации за сите одобрени вакцини.
Од Јутјуб, кој е во сопственост на Гугл, наведуваaт дека 130.000 видеа се отстранети од нивната платформа од минатата година, кога беше воведена забрана за ширење на лажни вести за вакцини.
Покрај содржината, забранети се и каналите на истакнати противници на вакцинацијата, пишува денеска „Вашингтон пост“, повикувајќи се на потпретседателот на Јутјуб за глобална доверба и безбедност Мет Халприн.
Властите ширум светот го критикуваа Јутјуб и социјалните мрежи како Фејсбук и Твитер дека не направиле доволно за да спречат ширење лажни здравствени информации на нивните страници.
Овој потег следи по сличната забрана што Фејсбук ја воведе во февруари, насочувајќи се, меѓу другото, со лажните тврдења дека вакцините не се ефикасни и предизвикуваат аутизам.