Имаме булеварски решенија за големите сообраќајници во градот. Продолжуваме со целосна реконструкција на булеварот „Гоце Делчев“ до новата автобуска станица. Вели во најновото соопштение кандидатот за градоначалник на Прилеп од редовите на СДСМ, Горан Сугарески.
„Новиот лик на влезот во нашиот град од Скопје, го заокружуваме со ново булеварско решение до кружниот тек кај „Солидност“. Реконструкцијата на влезот од Битола, продолжува со булеварско решение до раскрсницата кај Чумовчани. Нови булевари, современи улици“, вели Сугарески.