Јас не можам многу да ви ветам, ни брда ни долини, затоа што тоа го ветуваат некои други. Јас тоа што можам да го ветам треба и да го остварам. Јас во овој момент ви ветувам дека ќе работам 4 години ефективно, а не како овие досега 2 месеци пред изборите. Тоa се повторува 30 години уназад. Истакна на денешнопт митинг во Прилеп кандидатот за градоначалник на движењето за промени ЛДП и ДОМ, Славе Петрески.
„Можам да ветам дека ќе им помогнам на граѓаните околу проблемите, тоа е и наша должност на Општината, што ги имаат граѓаните. Тоа се нерешени проблеми за градба, за доградба и сите други административни проблеми, тоа може многу лесно да се реши и тие проблеми не да бидат нерешавани со месеци, некои и со години, да бидат поделени на партиска, верска итн. Ние тие граѓани ќе ги услужиме како наши, еднакви за сите. Друг проблем кој треба да се реши во општината е решавање на деталниот урбанистички план и генералниот урбанистички план. Во општинава тие планови не се решени и ќе донесеме одлуки за секој инвеститор, дали е странски или домашен, сите ќе имаат плац ако се заинтересирани да градат, а не нашите граѓани кои сакаат да инвестираат да одат во другите градови како Битола, Кавадарци итн“, рече Петрески.
Петрески вети решавање на сообраќајниот хаос во градот и изградба на катни гаражи.
„Сообраќајниот хаос во нашиот град е страшен, имаме нерешени проблеми, клучки во градот кои навистина прават метеж. Тоа е кај новата автобуска станица, затоа ние имаме во општината, јас таму поработив малку, имаме добри луѓе, сообраќајни инжинери, градежни инжинери, со нивна консултација тие проблеми квалитетно ќе ги решиме засекогаш и се што ќе направиме ќе биде трајно, а не за една година, или улици што се градат една зима можат да преживеат, наредната веќе не се во употреба. Се што ќе направиме ќе биде од прием квалитетен и кванитетен, не може да се изгради улица, за една недела да се прекопа па пак нова да правиме. Друг проблем во градов се паркиралиштата. Јас ќе посочам, го направивме булеварот, но затоа ги изгубивме паркинзите. Уште јас кога бев за директор на ЈП за ПУП, јас предложив да се направи катна гаража, конкретно ќе кажувам за 2 катни гаражи. Едната е меѓу Општината и поштата, може слободно да се изгради и во тој период направивме план за изградба, а друга катна гаража може да се направи позади поранешен СОК и позади зградите. Таму има еден паркинг, но може да се направи катна гаража“, додаде Петрески.