Згрозени сме од нискиот начин на комуникација на кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ господинот Аднан Дџафероски за општина Долнени, општина која е најголем производител на тутун во државата. Се вели во реакцијата на новоформираните тутунски здруженија.
„На ваков начин да се третираат тутунарите како луѓе кои смрдат, неписмени простои слепи и други погрдни зборови само кажува за односот како овие луѓе планираат да ги третираат чесните тутунопроизводители. Како здруженија кои по функција имаме право и обврска да ги штитиме нашите членови, а воедно и претседател на здружението Тутунска Мака, бараме јавно извинување во рок од 24 часа од господинот Аднан Џафероски, во спротивно ќе повикаме нашето членство од општина Долнени и сите тутунопроизводители да не го даваат гласот за овој кандидат“, се вели во реакцијата.