Јовчески: Нова градинка во Кузман 2, доизградба на градинката во Точила, рестартирање на градинките во Тополчани, Беровци, Канатларци и Големо Коњари


Проблемот со недостиг на градинки и слободни места за  дечињата oваа локална власт предводена од СДСМ не го реши.  Сегашната актуелна власт, за жал со неградењето на ниту една градинка,  лошо се справи со решавањето на простор за сместување на деца од претшколска возраст. Истакна на денешната прес конференција Борче Јовчески, кандидат за градоначалник на Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ.

„Единствено што направија ја пуштија во употреба градинката во состав на ОУ ,,Рампо Левката’’ која ВМРО- ДПМНЕ им ја остави подготвена. ВМРО – ДПМНЕ исто така, во свое време создаде подобри услови и за децата на жителите во руралните средини, со тоа што отвори групи за престој на деца од предучилишна возраст во селата Тополчани, Беровци, Канатларци и Големо Коњари. За жал, денес овие групи не функционираат. Затворени се благодарение на неспособноста на СДСМ и децата од руралните средини се обесправени и осакатени во предучилишниот развој.

Иако многу ветуваа, ветувањата останаа празно слово на хартија. Во последниов период, да не речам 1 месец пред избори, сведоци сме на некакво придвижување поврзано со изградбата на градинката во населба на Точила, но како и многу други проекти на СДСМ, изградбата застана уште на самиот почеток.

Затоа, ја анализиравме детално ситуацијата и во нашата програма внесовме реални и издржливи проекти за детски градинки со вкупен капацитет од 500 деца.

Моите предлози и решенија како кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за овој навистина голем проблем, се следниве:

  • Прво, изградба на нова детска градинка, во населба Кузман 2 и доизградба на започнатата градинка во населба Точила, за која 133 милиони денари се издвоени од Вашите џебови,
  • Второ, што е и економски поисплатливо и порационално е адаптација и пренамена на дел од училишните простории на основните училишта. Планираме дел од објектите да се пренаменат за згрижување на деца од предучилишна возраст и тоа ќе го започнеме од ОУ ,,Кочо Рацин’’,
  • Трето, рестартирање на градинките во селата Тополчани, Беровци, Канатларци и Големо Коњари. Исто така, во комуникација со жителите од Сточен Пазар, доколку е потребно и пренамена и пуштање во употреба на училиштето кое во време на СДСМ беше запрено.

Со овие неколку проекти, повеќе од сигурни сме дека на граѓаните ќе им се олесни секојдневното функционирање, затоа што порелаксирано ќе ги извршуваат своите работни обврски. а децата ќе напредуваат и ќе се социјализираат.

За промена во Прилеп! За подобра иднина на најмладите!“, рече Јовчески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи