Песната “Despacito”, хит на Луис Фонси и Деди Јенки, двајца уметници од Порторико, објавена во 2017 година, наскоро ќе има поголем број прегледи наЈутуб отколку што има жители на планетата.
Оваа песна има повеќе од седум милијарди и петстотини милиони прегледи за 4 години (7,563,379,773). Вкупното население на планетата Земја се проценува на седум милијарди и деветстотини милиони луѓе.
Песната е мешавина од латино, регетон и поп и со неа, Фонси и Јенки освоија четири латино Греми награди во 2018 година.
“Despacitо” на македонски јазик значи „Полека“.
124