Ноќта на 4ти октомври од пожар била зафатена семејната куќа на Мате Петроски во Крушево во кој изгорен е дел од покривот. Поради самиот процес на локализирање на пожарот, причинета е голема материјална штета која го остава семејството без семеен дом.
Градоначалникот на Крушево, Томе Христоски се приклучи на апелот за прибирање на средства.
За жал трагичните настани се дел од животот на човекот, а потребно е, НИЕ, уште еднаш да докажеме дека можеме да бидеме сплотени и да докажеме колку сме големи како ЛУЃЕ.
Оние кои се во можност да донираат парични средства тоа можат да го направат на следната сметка:
Трансакциска сметка со бр. 200001722206183 – Стопанска банка А. Д. Скопје на име Мате Петроски.