Државни симболи, според Уставот, се грбот, знамето и химната. Додека употребата на грбот е резервирана за државната администрација, знамето има широка употреба и народот може да го употребува како народно знаме во широка употреба.
Во 1995 година на 5 октомври Собранието на Република Македонија со 110 гласови „за“ и само еден воздржан од присутни 111 пратеници, едногласно го усвоило Законот за знамето на Република Македонија.
Знамето има сонце со осум жолто-златни радијални зраци што се шират на сите страни и осум црвени зраци кои се поле на знамето.
Идејниот цртеж врз кој бил направена компјутерска апликација бил на познатиот новинар Спасе Шуплиновски.
Од вексилографска гледна точка, знамето на Република Македонија често се смета за едно од најубавите знамиња во светот.