Заев: Граѓаните да не стравуваат од поскапување на струјата и на храната

Facebook
Twitter
Email
Print


Премиерот Зоран Заев уверува дека се преземаат мерки за да се одржи стабилна цената на струјата, а за прогнозите за скок на цените на храната и до 50 % вели дека се претерани.

„Првата порака е дека граѓаните не треба да стравуваат затоа што цената на струјата е утврдена од Владата, разликата кон ЕСМ ние ја покриваме, а ДДВ го намаливме на 5 проценти, така што се преземeни сите мерки за цената да остане стабилна за граѓаните и за домаќинствата“, рече Заев.

Тој посочи дека целиот свет е засегнат со оваа тема, затоа што берзанските цени навистина одат многу високо.

„Да напоменам дека нашиот модел е европски, со целосна либерализација. Постепено го либерализираме и пазарот за домаќинствата, но државата го покрива овој дел. Цената на берзата во последниот период се движи од 170 евра за мегават до 220 евра, а ние ја даваме цената за домаќинствата од 36 евра за мегават. Тоа е четири – пет пати пониска цена, со тоа што државата интервенираше на неколку начини и навремено, уште пред неколку месеци, затоа што беше евидентно дека со енергетските политики, со климатските промени, чекорите што ги преземаат и други земји, севкупното производство се зголемува во цена на чинење, побарувачката се повеќе се зголемува и тоа предизвикува ценовни шокови и последици“; рече Заев.

Заев смета дека се претерани прогнозите на стопанствениците дека цените на храната може да пораснат и до 50 % во наредниот период.

„Претерано е кажувањето за поскапувања од 50 %. Инфлацијата кај нас е контролирана и е до 2,7 %. Чувствително е кога инфлацијата ќе надмине 10 %. Ние не можеме да бидеме изолирани од светот, затоа што сме отворен пазар, поврзани сме и зависни од европските пазари. Цената на струјата е главен индикатор за покачување на цените на производите, но таа учествува на просечно ниво не повеќе од 3 %. Берзанските цени на струјата ќе имаат одредено влијание на цените на продуктите, но 2, 7 % инфлација е контролирачка. За сѐ што ќе ги надмине очекувањата, Владата е тука“, рече Заев.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи