Со почетокот на есента ќе дојдат и студени денови, па и настинките ќе бидат почести. Затоа е важно да се зајакне имунитетот. Витамините се клучни за зајакнување на имунолошкиот систем.
Кои витамини да ги консумирате во наредниот период?
Витамин Д
На луѓето им е потребен витамин Д бидејќи деновите се пократки и има помалку сончева светлина. Се препорачува дневна доза од околу 10 микрограми витамин Д.
Витаминот Д го регулира калциумот и фосфатите во нашето тело и го чува здравјето на коските, мускулите и забите. Недостатокот на витамин Д може да доведе до депресија, умор, болки и слабост во мускулите.
Храна што содржи витамин Д: лосос, туна, скуша, сардини, црн дроб, говедско месо, сирење и жолчка од јајце.
Железо
Дневниот препорачан внес за мажи постари од 18 години е 8,7 мг дневно, а за жени помеѓу 19 и 50 години 14,8 мг дневно и 8,7 мг дневно за жени постари од 50 години.
Витамин Ц
Ц витаминот го чува здравјето на кожата, крвните садови и коските. Исто така е корисен за кожата во студените денови, особено кога има помалку сончева светлина.
Храна што содржи витамин Ц: Овошје и зеленчук, домати, компири, зелена и црвена пиперка, киви, јагоди, диња, зелен лиснат зеленчук и некои збогатени житарки.
Магнезиум
Магнезиумот е минерал кој ја претвора храната која ја јадеме во енергија. Недостатокот на магнезиум може да биде причина за висок крвен притисок, ниска толеранција на глукоза, но и проблеми со менталното здравје.
Храна што содржи магнезиум: мешунки (наут, црн грав и грав), ореви, семиња, лиснат зелен зеленчук (вклучувајќи спанаќ, брокула, боранија, артишок, аспарагус), смокви, авокадо, банана, малини, лосос, скуша, туна, темно чоколадо, пуканки, какао,