На денешната седница во СОУ „Ѓорче Петров“ во Прилеп се конституираше Ученичкиот парламент на училиштето. На седницата биле присутни претседателите или замениците претседатели на класовите.
Од нивните редови беа изгласани претседатели на генерациите и нивни заменици и тоа:
За прва година: Ермин Јашароски од 1-5кл. – претседател и Нина Јованоска од 1-2кл. – заменик претседател;
За втора година: Ангела Талимџиоска од 2-2кл. и Едис Еминоски од 2-1кл;
За трета година: Марија Здравеска од 3-3кл. – преседател и Андреа Тасеска од 3-2кл. – заменик преседател.
За четврта година: Петар Јаковлески од 4-3кл. – претседател и Мерјем Џелал од 4-2кл.
Нивниот мандат трае 2 години и продолжува од минатата учебна година, кога беа избрани.
Сите овие избрани ученици го сочинуваат Ученичкиот парламент, во кој учествува и Ученикот – правобранител.