Гостин во ова издание на Инфо Регион е Никола Мариновски еден од кандидатите за советници за Прилеп, на листата од СДСМ за овие локални избори. Вели дека се одчулил да влезе во политиката за да може да се променат условите за подобар развој на бизнис секторот во Прилеп и да се создаде подобра бизнис клима со сите совети и препораки кои може да ги даде стопанството на ова поле.
Една од главните забелешки кои бизнис секторот ги кажуваше во изминативе 4 години е застојот во урбанистичкиот сектор во Прилеп и неиздавањето на градежни дозволи. Според Мариновски сето тоа може да се реши со носењето на нов развоен ГУП за Прилеп и повеќе Детални урбанистички планови. Доколку се решеле овие работи локалниот бизнис сектор би инвестирал 60-тина милиони евра.
Мариновски истакна дека ќе биде формиран и Економски совет во Прилеп, каде ќе членуваат најуспешните компании и каде нема да има повеќе поделба по некоја партиска основа, како што тоа било пракса досега. Во него би членувале и професори од Економскиот факултет во Прилеп, со што би се споиле теоријата и практиката за побар развој на економијата во Општината.
Бизнисмените бараат и поефикасна општинска администрација, намалување на времето на обработка на нивните барања од сегашните отприлика година дена, до максимум 2 месеци.
Носење на нова стратегија за Локален еконосми развој, стратегија за развој на туризмот и соодветна помош на земјоделието.
Со Маринивски поразговараме и за тоа зошто нема нови странски инвеститори за ТИРЗ Прилеп, што со индустриските зони Прилеп 1 и Прилеп 1 и дали се планираат нови, до каде е гасификацијата, кои се плановите за стопирање на миграцијата и поголема соработка помеѓу бизнис секторот и образованието за создавање на соодветен кадар кој се бара на пазарот на труд.
За сите овие теми, но и многу повеќе погледнете во интервјуто.