Млада месечина на 6 октомври: Космички промени и магија во нашите животи


Астролозите предвидуваат дека октомври ќе биде месец на космички промени, а таа енергија доаѓа од младата Месечина во Вага која ќе го осветли небото на 6 октомври.

Бидејќи Младата Месечина во знакот на Вага пристигнува наскоро, треба да се запознаеме со нејзините силни сили што можат да ни помогнат да манифестираме многу работи.

Сѐ што треба да направите е да земете парче хартија и молив. Запишете на хартија сѐ што сакате да постигнете во следните шест месеци, но трикот е да формулирате сѐ така што ќе звучи како да веќе се случило и дека сте многу благодарни за тоа.

На пример: „Јас сум толку среќен и горд на себе затоа што ослабев и имам 53 килограми“.

Откако запишавте неколку ваши желби или цели, прочитајте ги сите во целост, а потоа преклопете ја хартијата и ставете ја подалеку од вас. Најдобро е да ја ставите покрај прозорецот каде што месечевата светлина може да ја „види“. Исто така, важно е да ставите камен, кристал или школка над хартијата.

Кога денот ќе се раздени и сонцето ќе дојде во контакт со хартијата, имате две опции – можете да ја запалите хартијата или да ја фрлите во ѓубре.

Младата Месечина е период на нови почетоци, но и инспиративни идеи и можност за исполнување на желбите. Вагата е воздушен знак, а тоа носи силен ветар на промени, носејќи ни магија во нашите животи.

Користете го овој нов лунарен циклус за да создадете, да направите позитивни промени и да дуплирате се што е добро во животот. Направете магија!

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи