Мајката која објави трогателна фотографија од нејзината ќерка како го теши своeто братче по хемотерапија во 2019 година, сподели голема вест.
На Бекет Бург му била дијагностицирана акутна лимфобластна леукемија во април 2018 година. На фотографијата објавена пред една година, тогаш четиригодишниот Бекет го теши неговата сестра Обри (5), додека Бекет стои во тоалет по хемотерапијата.
Мајката Кејтлин објави дека Бекет се вратил на училиште откако минатата недела заѕвонил на ѕвончето на онкологија по негвата последна терапија.
„Влезе неговиот онколог и рече: Нема повеќе хемотерапија – завршивме. Се ослободивме од се“, вели Кејтлин.
Мајката истакнува дека нејзината ќерка имала големо влијание врз нејзиниот брат и му помогнала да ја надмине злобната болест.